Изливањето на нафта од бродот кој потона кај островот Саламина ќе ја чини Грција најмалку 500 милиони евра, пишува грчка Протома. Најзагрозени ќе бидат риболовот, јавното угостителство, туризмот, изнајмувањето на бродови и трговијата.
-Огромните штети врз Пиреја и крајбрежната економија на Атика се судрија со индиферентноста на Владата, која не реагира, а огромната нафтена дамка пливаше во реонот на Саламис два дена. По претходна проценка на локалните трговски асоцијации и организации, новата ситуација ќе доведе до големи проблеми во регионот, кој и без тоа е слабо развиен, натоварен со социјалните проблеми и е во тешка положба поради невработеноста. Бруто домашниот производ во регионот може да претрпи загуби до 500 милиони евра, пишува весникот.
Природата во областа и претходно беше подложена на силен притисок, но сегашната катастрофа доведе до целосна инфицирање на морската средина и загуба на риболовот, ги цитира “Прототема” зборовите на претседателот на Професионалната асоцијација во реонот Ниокос Петцас. Поранешниот заменик-градоначалник на Пиреја Димитрис Кацикарис смета дека штетата ќе ја надмине сумата од 500 милиони евра, иако е рано отсега да се каже.
Во соопштението се наведува дека загубите ќе ги покрие целата област за развој на Атинската ривиера. Откажани се десетици свадби и прослави. Загаденото море исто така ќе влијае и на инвестициите во Атика, бидејќи меѓународните инвеститори го земаат предвид донесувачот на одлуката за животната средина.
Грчкиот танкер “Агиа Зони II” потона на 10 септември во заливот меѓу островите Саламина и пристаништето Пиреа. Бродот бил натоварен со над 2,5 илјади тони мазут и гасно масло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)