| четврток, 6 декември 2018 |

Грција во медиумски мрак, Самарас на маки, избори на повидок

На повидок предвремени парламентарни избори

Се ниша премиерската фотелја на премиерот Антонис Самарас откако вчера пред полноќ полицијата ја спроведе неговата одлука со која 2600 вработени во грчката национална телевизија останауваат без работа, а етерот без каналите на државните сервиси на ТВ и радио.

Откако со вработените во ЕРТ се солидаризираа сите други медиуми и почнаа генерален штрајк во овој сектор, се зголемија и тензиите во владината коалиција. Партнерите на Самарас од ПАСОК и Демократската левица се против одлуката која треба да заштеди според некои анализи дури и до 100 милиони долари на годишно ниво колку што трошел државниот сервис досега.

Непотврдени информации во владината коалиција велат дека доколку Нова демократија и  ПАСОК и Демократска левица не се договорат како да се надмине кризата, можни се предвремени избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top