Се ниша премиерската фотелја на премиерот Антонис Самарас откако вчера пред полноќ полицијата ја спроведе неговата одлука со која 2600 вработени во грчката национална телевизија останауваат без работа, а етерот без каналите на државните сервиси на ТВ и радио.
Откако со вработените во ЕРТ се солидаризираа сите други медиуми и почнаа генерален штрајк во овој сектор, се зголемија и тензиите во владината коалиција. Партнерите на Самарас од ПАСОК и Демократската левица се против одлуката која треба да заштеди според некои анализи дури и до 100 милиони долари на годишно ниво колку што трошел државниот сервис досега.
Непотврдени информации во владината коалиција велат дека доколку Нова демократија и ПАСОК и Демократска левица не се договорат како да се надмине кризата, можни се предвремени избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


