| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски и официјално во трка за Карпош, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа неговата кандидатура

Актуелниот градоначалник на општина Карпош денес и официјално ја објави неговата кандидатура на претстојните локални избори. Тој повторно ќе ја побара довербата од жителите на Карпош, а следниот месец ќе ја има поддршката и од најбројната партија во македонското собрание, ВМРО-ДПМНЕ која ја поддржа неговата кандидатура.

ВМРО-ДПМНЕ во 4 општини ќе поддржи други кандидати, и го повика членството да гласа за нив. Така, во Карпош партијата ќе го поддржи актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кој ќе настапи како кандидат на ГРОМ, а во Кратово ќе го поддржи кандидатот на Социјалистичка партија на Македонија и актуелен градоначалник, Мите Андоновски.

Во општина Старо Нагоричане, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува кандидатурата на Елена Јакимовиќ, кандидат на Демократска партија на Србите во Македонија, а во Чучер – Сандево независниот кандидат Јован Пејковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top