Дали всушност сте знаеле дека е сосема возможно за вашата облека и понатаму да е нечиста и после перењето во ашина? Всушност, вашата машина за перење алишта е преполна со бактерии, што од облеката, што од вашата кожа.
– Кога ја перете долната облека, во водата се отпуштаат повеќе од 100 милиони ешерихија коли бактерии коишто може да се пренесат и на следното перење, наведува Чарлс Герба, професор по микробиологија од Универзитетот во Аризона.
И не само тоа, како што вели докторот, во просечен пар долна облека се наоѓаат најмалку десетина грама фекалии, коишто пак исто така остануваат во машината за перење алишта.
Фекалиите инаку содржат безброј различни бактерии, вклучувајќи и хепатитис А, салмонела, ешерихија и многу други. Сите експерти за црви и бактерии го наведуваат истото – детергентот не е вистински одговор за овој проблем. Па, што тогаш е?
Оцет
Добро би било кога на секои неколку месеци добро би ја исчистиле гумата на вратата на машината токму со оваа состојка. Тука вообичаено се задржува многу вода која претставува вистински мал рај за бактериите. Ако забележите дека и понатаму не успевате да ја исчистите нечистотијата, купете нова гума – веднаш! Исто така, обврзно држете ја вратата на машината за перење алишта отворена, секојпат кога не ја употребувате.
Би требало редовно да ја чистите и кутијата за прашокот со млака вода. Ако прашакот веќе се стврднал, добро би било да ја потопите целата на некое време во оцет, а потоа повторно исплакнете со млака вода.
Исто така, на секои три месеци отприлика, пуштете ја празна машината за перење алишта, а во просторот за прашок ставете две лажици сода бикарбона и половина шолја дестилиран оцет. А пак сокот од лимон може да го искористите за да постигнете свеж мирис и да ги исчистите корозиите.
Тоа е одлично, особено ако почувствувате дека вашата облека не мириса најдобро дури и после перењето. Сипете 10 капки директно во барабанот и пуштете ја машината на цел циклус на висока температура.
Исто така, обврзно проверувајте го филтерот, бидејќи во него е можно да се задржуваат мноштво од ситни нешта коишто може да го скратат рокот на траење на вашата машина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.