| четврток, 6 декември 2018 |

Како да ја исчистите машината за перење алишта?

Кога машината за перење алишта е чиста, таа поефикасно пере и не доаѓа до таложење на нечистотија во филтерот. За да ја исчистите и да нема непријата миризба, мора да ја исклучите од струја.

Mashina-za-perenje-iLike-mk

За да ја исчистите од надворешната страна користете памучна крпа натопена во млака вода. Ако тоа не е доволно, во водата ставете малку детергент за садови.

Внатрешното чистење на машината зависи од проблемот: можеби во неа има ’рѓа, затната е со влакна или од неа излегува непријатна миризба.

Ако имате проблем со ’рѓа, вклучете ја машината на највисока температура, на програмата за вриење. Во машината додадете две чаши цеден сок од лимон (без семки), и оставете програмата да заврши. Потоа, вклучете го уште еднаш, но овој пат не ставајте ништо. На овој начин машината ќе се исчисти од ’рѓа, но и од останати нечистотии.

Ако имета проблем со непијатни мириси вклучете ја машината на програм за вриење. Во водата додадете две чаши алкохолен оцет и две чаши варакина. Кога ќе заврши, вклучете ја повторно, но овој пат само со вода.

Доколку имате домашен миленик, веројатно имате влакна по облеката, а со самото тоа и во машината. За да го решите овој проблем, по завршеното перење оставете ја вратата од машината отворена. Кога внатрешноста ќе се исуши, поминете со правосмукалка и соберете ги преостанатите влакна.

За да ви остане машината подолго чиста, веднаш по завршетокот на перењето извадете ги алиштата. Ако ги оставате преку ноќ може да дојде до појава на мувла и бактерии.

Најдобро е да ја оставите вратата отворена, па на тој начин воздухот во машината секогаш ќе биде свеж и ќе се намали можноста од појава на непријатни мириси.

Откако ќе ги извадите алиштата од машината, задолжително исчистете ја гумата од вратата. Под гумата често се таложи нечистотија и вода кои можат да предизвикаат појава на непријатни мириси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top