Американскиот институт во Загреб објави реклама која со неверојатна брзина се шири на социјалните мрежи.
Во желбата да го истакне значењето на учењето на англискиот јазик, Американскиот институт пронајде начин како својата идеја да ја презентира на најдобар можен начин.
На билбордот е првата дама на САД Меланија Трамп.
„Само замисли колку далеку можеш да стигнеш со малку англиски“.
Оваа фотографија многу брзо го привлече вниманието на јавноста.
Коментарите најчесто се позитивни, но има и такви кои предупредуваат дека Мелнија може да ги тужи за ова. Во Институтот не се загрижени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.