| четврток, 6 декември 2018 |

Јохан Тарчуловски според анкетите е фаворит во Кисела Вода и ќе победи во првиот круг

Јохан Тарчуловски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Кисела Вода, актуелен пратеник во Собранието и  поранешен осуденик на Хашкиот суд за воени злосторства направени за време на конфликтот во 2001 година. Анкетите покажале дека Тарчуловски е фаворит во општина и дека ќе победи во првиот круг.

Роден е на 17 ноември 1974 година во село Љубанци. Тој е македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на Претседателот на Македонија, Борис Трајковски и во војната во 2001 година обвинет и осуден од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето.

Основното образование Јохан Тарчуловски го завршил во основното училиште „Петар Здравковски-Пенко“, средното образование го продолжил во земјоделското средно училиште „Браќа Миладиновци“, а по завршувањето на средното училиште заминал на отслужување на воениот рок во касарната „Илинден“ во Скопје. Во младоста, тој бил познат како водач на „Комитите“, навивачката група на ФК „Вардар“, а во 2004 година се запишал на студии на Правниот Факултет на ФОН.

Тарчуловски е член на ВМРО-ДПМНЕ и член на првиот иницијативен одбор за формирање на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за оштина Чаир.

По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година стапил во обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски, а во 1999 година, на лично барање на претседателот Борис Трајковски, станал негово лично обезбедување. На оваа функција се задржал до смртта на претседателот.

Во 2005 година од страна на Хашкиот трибунал беше осуден на 12 години затвор, екстрадиран е во хаг на 16 март 2005 година. Тој отслужи шест години во затворот во Шевенинген, а останатите две години во градот Диц, Германија.

По враќањето во Македонија, Тарчуловски стана организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кој што сака да помисли, кој што мисли дека ќе му наштети, ќе го уништо, ќе го срози, ние како феникс од пепелот ќе излеземе и ќе им покажеме дека кога е најтешко ВМРО-вецот и Македонецот нема да се предаде. Никогаш не сме се предавале, нема ни сега да се предадеме. Во овие тешки моменти некој ќе дојде и ќе те праша „Кој беше во Прилеп“? Во Прилеп беа правите, искрените ВМРО-вци. Во Прилеп не беа тие што дојдоа за да успеат во животот за кратко, во Прилеп беа тие што се од 1991-ва до денес. Тие што никогаш не го свртеа грбот на ВМРО-ДПМНЕ, порачува Тарчуловски.

Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска и имаат три деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top