Повеќе од 10.000 луѓе досега ја имаат симнато апликацијата „Слико збор“, која ја изработи петнаесетгодишниот Даријан Шекеров од Скопје за да им помогне на децата со аутизам и пречки во говорот.

Даријан аплицијата ја изработил на свои 14 години со цел да им ја олесни комуникацијата на овие деца со семејството и околината. Тој со оваа апликација победи 3000 проекти од целиот свет во категоријата „Борба против болести и глад“.
– Со оваа апликација се олеснува комуникацијата на тие деца со нивното семејтсво и околината. Ја направив по барање на родителите и здружението за деца со аутизам и пречки во говорот. Лесна е за користење и е бесплатна. Апликацијата „Слико збор“ имам намера и понатаму да ја надоградувам. Таа работи така што одредената тема за која се интересирате ја одбирате со кликање врз фотографијата за истата и од неа излегува глас , позајмен од мојата сестра Срна која ја опишува фотографијата, објаснува младиот македонски гениј за српски Телеграф.
Тој за „Телеграф“ вели дека со срце ја правел оваа апликација се со цел да им помогне на децата со аутизам и пречки во говорот, поради што неговиот труд го нарекол „од деца за деца“.
Неговата апликација ја призна и министерството на образование, а ја применуваат родители, логопеди и наставниците во специјализираните училишта за деца со посебни потреби.
-Се почна од молбата на мој колега од работа кој има аутистично детенце. Наставничката на детето видела андроид апликација на англиски јазик, па колегата знаејки дека Дарјан се занимава со програмирање на андроид ме замоли дали тој ќе може да направи негова на македонски јазик. Здружението на аутистични деца се обратиле до неколку фирми за изработка на апликацијата, но им биле побарани многу пари, други ги одбивале велејки им дека немаат економски интерес. Мојот син со задоволство прифати. На апликацијата работеше за време на зимскиот распуст 2015/2016 година, така настана „Слико збор“, раскажал за Телеграф.рс таткото на Дарјан, Тони Шекеров.

Дарјан на свои четири години веќе пројавил интерес за комјутер, но не за цртани филмови и игри, туку како алатка. Родителите му обезбедиле едукативни игри за компјутер, повеќето на англиски јазик. Преку тие игри генијалецот го научил кириличното и латинично писмо, да чита и пишува прво на англиски, па потоа на македонски јазик. Даријан сега одлично зборува англиски и германски јазик, а знае и повеќе компјутерски јазици: C/C++, Java, .NET, Objectiv-C, Python, Android, iOS, HTML5 & CSS3, JavaScript, PHP…
-За изработка на андроид апликација за мобилни телефони се заинтересирав на свои 12 години. Самоук сум за андроид. Досега имам направено 16 апликации. Сите се бесплатни за симнување од Google Play Store. Тие апликации се едукативни, информативни и забавни. Мојата најуспешна апликација е „Слико збор“. А најновата се вика „Шарена азбука“ и е наменета за децата во предучилишна возраст. Тоа всушност е буквар на мобилен телефон, вели Дарјан Шекеров.
Дарјан учествувал на многу домашни и светски натпревари од областа на математиката и информатиката, неговата желба е кога ќе заврши средно и високо образование од областа на информатиката да биде програмер во Македонија или некоја позната програмерска фирма во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


