| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно признание: Убив повеќе од 1600 луѓе (ВИДЕО)

vojnik

Брендон Брајант, поранешен навигатор на беспилотни летала и член на американските воздухопловни сили, на телевизиската мрежа „Ен-Би-Си“ призна дека е директно и индиректно одговорен за смртта на околу 1600 луѓе.

Дваесет и седумгодишниот Брајант во периодот од 2006 до 2011 година учествувал во мисиите на американската војска во Ирак и во Авганистан.

–  Ја загубив почитта кон животот. Се чувствував како социопат. Сакав да ги убијам овие луѓе – признава тој.

Враќање во реалноста за Брајант била дипломата која ја добил за своите достигнувања, на која го пишувал точниот број убиени луѓе во неговите мисии – 1626.

–   Ми се гади од самиот себе – додава Брајант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top