Иако Мурињо по мечот со Базел изави дека еден од најважните негови играчи од средината на теренот, Пол Погба е само полесно повреден и ќе биде надвор од терените многу кратко, сепак се чини дека повредата е посериозна.
Според информациите на BBC тој нема да биде во конкуренција за настап од 4 до 6 недели, што значи дека со сигурност го пропушта големото дерби со Ливерпул во 8. коло од Премиерлигата. Поради повредата тој нема да игра ниту за селекцијата на Франција на последните два квалификациски меча од циклусот за СП 2018 против Бугарија и против Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.