| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Во договорот со Бугарија не се застапени македонските национални интереси

Очигледно дека договорот помеѓу Македонија и Бугарија најблаго речено е асиметричен односно тука не се застапени македонските пред се државни и национални интереси, туку исклучиво ова е договор кои што ги изразува желбите и интересите на Бугарија како бугарски национален интерес во една поширока глобална политика која што ја водат и според тоа сега ние сме на тест да прифаќаме некои одредби кои што се практично диктат какви се промени треба ние да направиме, изјави професорот Михајло Миноски на панел дискусијата посветена на договорт меѓу Македонија и Бугарија.

– Од нас дури се бара и ревидирање на нашето историско минато, а таму како што стои ние имаме заедничко минато, а ние немаме заедничко минато, туку само некои работи и едноставно Бугарија од оној договор кој што можеме да го видиме признава дека има македонска држава од 1944 година па наваму, но нема македонски народ, јазик, нација и дека сето минато е заедничко, а тоа значи бугарско. Сето ова бара промени на системот на образованието како и промени на учебниците, а тоа значи од позиција на политичка власт да се менува нашето историско минато, истакна Миноски.

Тој додаде дека ние сме Македонци од 1944 година па навака, а пред таа година не не сметаат дека сме постоеле.

– За овој договор треба да се отвори широка дебата и овој договор не е само од сега, туку тој има еден предисторијат бидејќи такви отстапки правеле и претходните влади и сега само овој договор се продлабочува. Ако порано договорите ни ги кроеле други, сега ние Македонците потпишуваме антимакедонски договор и ова се многу сериозни прашања на кои што треба пошироко да се расправа, вели Миноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top