| четврток, 6 декември 2018 |

Жежов: До историчарите доаѓаат неофицијални и нецелосни информации за договорот со Бугарија

„Тоа што го дознаваме единствено е преку полу-официјални информации или тоа што ќе  го слушнеме од медиумите во двете држави“, изјави историчарот Никола Жежов во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Тој додаде дека немаат официјално известување од Владата на Македонија за овој предлог или нацрт.

„Од тоа што го слушам од колегите од Бугарија можам да насетам дека повторно чувствителните теми се тука, а тоа е славењето на т.н. заедничка историја, прашањето на јазикот, прашањето на прославување на одредени историски настани и кои настани да бидат одбрани како такви, градењето на споменици во одредени делови на територија на Република Македонија, а за ова конкретно и читам дека се коментира низ државата“, вели Жежов.

Историчарите и професори Наташа Котлар и Никола Жежов гостуваа во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Историски аспекти на договорот со Бугарија“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top