СДС ветија проект според кој по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување. Поминаа повеќе од 100 дена, ништо од ова, изјави на денешната прес конференција Филип Ѓеорѓиев од ВМРО – ДПМНЕ.
– Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција. Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија, истакна Ѓорѓиев.
– Тоа значи дека се скратени средства за изградба и реконструкција на училишта, студентски домови, спортски сали, универзитети и факултети. Ова е начинот на работа на СДС. Лажи да те гласаат – Криј се да заборават. Но, младите и студентите не забораваат кој ги излажал и кој ги извисил. Затоа, на 15-ти октомври, СДС ќе бидат казнети за сите лаги и предизборни ветувања, заклучи Ѓорѓиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)