– Со гаранцијата за млади или младинската гаранција, која ни е превземена од нашите сестрински партии, државата ќе гарантира дека младиот човек по завршување на обрзование ќе добие 3 опции : Државата да му гарантира вработување, државата да му гарантира пракса или дополнитерлно дообучување, во вид на изучување на странски јазик или компјутерски вештини и трета опција државата да му помогне на младиот човек да продолжи со образование. Со крајна цел државата да гарантира дека младиот човек, по завршување на образование нема да седи невработен дома незнаејќи што да прави со самиот себе, изјави Стефан Богоев пред младите во текот на изборната кампања.
Младинската гаранција беше главното ветување на Богоев пред младите во текот на изборите и главно ветување на СДСМ пред младите и темел на нивната кампања.
– Една од главните мерки, која што ја гледаме во оваа визија е гаранцијата за млади. Ова е европска мерка, велеше Мила Царовска сегашната министерката за Труд и Социјална политика. Таа ветуваше дека, по завршувањето на образованието секој млад човек во период од 4 месеци ќе добие или понуда за вработување или можност за понатамошно образование или обука или тренинг за да го зајакне процесот до вработување.
Проектот за младинска гаранција со голема самоувереност беше ветуван од речиси целиот врв на СДСМ, почнувајќи од Оливер Спасовски, Александар Кирацовски и Радмила Шеќеринска.
Власта веќе 100 дена е во рацете на СДСМ, а од мерката младинска гаранција нема ни трага ни глас. Во меѓувреме високо образование завршија илјадници студенти, но во јавноста нема апсолутно ништо од ова што СДСМ го вети, а тоа е вработување, обука или дополнително образование на товар на државата.
– Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш по завршување на образованието во рок од 4 месеци секој млад човек, ќе може или да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кој што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место, кое што е на располагање, изјави Шекеринска во текот на изборите.
Според Кирацовски планот за младите кој го има СДСМ, е гаранцијата за млади, која во период од 4 месеци по завршување на школувањето ќе обезбедела можност за вработување во рок од 4 месеци.
СДСМ се повеќе од 100 дена на власт, период во кој немаат реализирано практично ниту еден проект кој беше ветен пред младите. Ваквиот однос кон младите како огромна категорија на граѓани и гласачи, неминовно ќе биде казнет на избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)