| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Освојувањето на трофејот ми дава голема енергија

Победникот на УС Опен, Рафаел Надал, беше воодушевен по освојувањето на втората Грен слем титула во 2017 година и вкупно 16. во својата кариера.

Шпанскиот тенисер ја оправда улогата на фаворитот во финалето на против Кевин Андерсон и убедливо триумфираше во три сета.

– Ова беа посебни две недели за мене. Но, пред да почнам да зборувам за себе, сакам да му честитам на Кевин. Тој е одличен пример за децата и за другите на АТП турнејата дека е можно да се врати по повреда во најдоброто издание, рече Шпанецот по новата Грен слем титула.

Надал го освои третиот УС Опен, по триумфот на 2010 и 2013 година. Ова му е петти трофеј оваа година.

– Што се однесува до мене лично, ова е неверојатно. По неколку години во текот на кои имав проблеми со повреди, од почетокот на оваа година, беше многу емотивно. Од отворањето на Австралија, играм тенис на високо ниво. Освојувањето титула овде во Њујорк ми дава голема енергија, бидејќи публиката тука е неверојатна. Тие ме направија толку среќен, додаде Шпанецот по освојувањето на третиот УС Опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top