Љубовта кон спортот и музика ги споил во едно па сега знае да ужива максимално додека вежба за двете професии. Запознајте го Нуно кој ќе ве воодушеви со неговата способност.
Нуно Сантос доаѓа од Португалија и е професионален виолинист кој воедно дели иста пасија кон сруфањето на вода. И покрај тоа што навистина ужива и во свирењето на виолина и во сурфањето, тој вели дека напорното вежбање за двете работи е голем предизвик за него. Но Сантос пронајде решение како да ги комбинира овие две професии без кои како што тој вели не може да живее.
-И музиката и спортот одсекогаш биле дел од мојот живот, и со двете се занимавам уште кога имав 5 години”, вели Сантос. Неговото бегање од реалноста е местото Назаре, околу 122 километри северно од Лисабон. Назаре е всушност Мека за сурферите.
Еурека моментот на Нуно за да ги комбинира овие две страсти дошла пред 10 години кога се искачил на највисоките планини во Јужна Америка. Каде и да оди, неговата виолина е секогаш заедно со него па токму така се родила идејата за истовремено сурфање и свирење виолина.
-Најголемите планини овде се планините од вода, ова е напор кој го бара најдоброто од мене, но знам дека ова е нешто што ми помага и мене лично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)