| четврток, 6 декември 2018 |

Во избирачкиот список увид направиле 21.594 граѓани

Заклучно со вчерашниот ден, 9 септември, 24 часот, заврши јавниот увид во Избирачкиот список. Јавниот увид започна на 21 август и траеше 20 дена. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид извршија вкупно 21.594 граѓани, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК).
Притоа, направени се значителен број измени во Избирачкиот список.

„Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во Избирачкиот список, 22 решенија за бришење и 133 решенија за промени на податоци во Избирачкиот список.
На електронската апликација Избирачки список во овој период извршени се 203.191 проверка“, се вели во соопштението.

ДИК соопштува дека во рок од 5 дена по завршувањето на јавниот увид, односно најдоцна до 14 септември, ќе го достави Избирачкиот список на увид на политичките партии. Потоа, тој ќе се менува се до 24 декември.

„Политичките партии во рок од пет дена од добивањето на Избирачкиот список, односно најдоцна до 19 септември, можат до ДИК да поднесат барања за запишување, бришење или промени на податоци. По овие барања ДИК ќе одлучи во рок од три дена.
Избирачкиот список во кој се вклучени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК ќе го заклучи најдоцна до 24 септември.

Комисијата потсети дека уште четири дена трае рокот за кандидирање.

„Потсетуваме дека рокот за поднесување на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите истекува на 14 септември во 24 часот. Листите се поднесуваат до надлежните општински изборни комисии“, се вели во соопштението на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top