Подготвувате свадба и списокот на гости постојано се зголемува. Вас ве фаќа страв од бројката и доаѓате во ситуација кога не знаете што да направите, кого да тргнете од списокот. Кон некои чувствувате обврска, кон некои одговорност,а кон некои сте наклонет и сакате да бидат дел од целиот настан.
Во тој случај, ова нека ви биде појдовна точка за “чистење” на свадбениот список.
Другарка од средно
На свадба немате потреба да ја викате најдобрата другарка од средно училиште со која не сте во контакт години. Таа ве викнала кај неа на свадба, меѓутоа се омажила многу брзо после матурата во време кога се уште сте си ги знаеле телефонските броеви. Нема потреба да чувствувате одговорност. Бришете од список.
Далечни роднини и роднини на роднини
Сериозно? Нема да им биде толку гајле бидејќи половината од нив не знаат ниту како се викате. А верувајте, нема да се налутат ако ги поштедите од трошок кој не го планирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.