| четврток, 6 декември 2018 |

Меси игра, Аргентина не победува (видео)

Еквадор ја сочува серијата без пораз на домашен терен во квалификациите за пласман на СП во Бразил, со реми, 1-1, против Аргентина, во Кито.

Гостите поведоа од пенал, по прецизниот удар на Агеро во 4. минута, а Еквадор израмни само 13 минути подоцна со погодок на Кастилјо. За Аргентина последните половина час ги одигра и Лео Меси, но и најдобриот стрелец на планетата не успеа да им донесе победа на гостите. Фудбалерот на Барселона втор меч по ред влегува во игра како резерва за својата репрезентација, а Аргентина повторно не победи. И претходно со Колумбија „гаучосите“, ремизираа со Колумбија во меч без голови.

Меси не настапуваше речиси цел месец по повредата во финишот на шпанското првенство, но експресно брзо закрепна и се врати на теренот. И Аргентина која е лидер и Еквадор како третопласирана репрезентација во јужноамериканските квалификации имаат одлични шанси за настап во Бразил, на СП следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top