Постојат услови да се изградат станови за припадниците на војската, а платите на војниците и полицијата, се зголемени од 1 јануари годинава.
-Во тек се разговори со Владата и со Министерството за одбрана за најмалку 30.000 припадници на војската и полицијата во наредните години да им биде решено стамбеното прашање. За триесеттина дена ќе излеземе во јавност, верувам дека премиерката Брнабиќ, министерот Александар Вулин, а можеби и јас ќе презентираме програма со која ќе покажеме како мислиме да го решиме тоа прашање, изјави претседателот Александар Вучиќ пред новинароте во Собреанието на Србија.
Од друга страна министерката за одбрана Радмила Шекеринска како пратеник на опозицијата гласаше против модернизација на АРМ и поевтинување на цената на станови за припадниците на АРМ, а денес како министерка нарачува лешници и бадеми во износ од 5.000 евра кои ќе бидат платени од Министерството за одбрана.
Штедењето за пред народот, по кабинетите расипништво: За бадеми и лешници се трошат 5 000 евра
Предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана кој минатата година го предложија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предвидуваше Министерството за одбрана да биде ослободено од плаќање царински давачки и даноци за оружје и воена опрема за модернизација на Армијата на Република Македонија.
Покрај ова беше предвидено и ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка на промет во висина од 5%, за намалување на трошоците на припадниците на АРМ за решавање на станбеното прашање во рамки на проектот „АРМ мој дом“.
Тогашниот министер за одбрана Зоран Јолевски нагласуваше дека се усвои законот со планот за модернизација Република Македонија во наредните години ќе ги исполни стандардите поставени од НАТО, 2% од БДП да бидат за одбраната, а 20% од нив за модернизација.
Опозицијата не ги поддржа овие законски измени, а Радмила Шекеринска беше еден од пратениците кои беа против модернизацијата на АРМ и поефтините станови за војниците.
-За овој закон е потребно двотретинско мнозинство што значи за да помине е потребна широка поддршка во Собранието. Целта на измените е да се ослободи армијата од плаќање ДДВ и царини од 1 до 11 отсто за да може Армијата во следните 10 години да набави ново современо оруже и опрема. Самиот факт дека СДСМ не сака да даде поддршка со тие средства кои во моментов може да ги издвоиме државата да набави нова опрема и оружје, а да потроши помалку средства и да добие поголема количина оружје е скандал. СДСМ денеска ќе гласа против набавка на оружје и модернизација на АРМ, рече тогаш Илија Димовски.
-Ваквиот став на СДСМ, за жал, ја отежнува, одложува и усложнува набавката на опрема и оружје за АРМ и тоа не е добро за Македонија, додаде пратеникот Влатко Ѓорчев.
Денес нејзини приоритети повторно не се ниту помодерната армија ниту подобрување на стандардот на припадниците на АРМ, туку набавката на лешници и бадеми за 5.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Излета возило на АРМ, има повредени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти