Американката Слоун Стивенс е новата шампионка на УС ОПен. Таа синоќа во финалето ја победи сонародничката Медисон Кејс со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0) за еден час игра.
24-годишната Стивенс пред 11 месеци имаше операција на ногата и беше неизвесна нејзината кариера.
Ова за Стивенс е петта титула во кариерата, а прва Грен слем. Таа воедно е тенисерка со најнизок ранг што победила во Њујорк, не сметајќи го враќањето на Ким Клистерс по бременоста кога немаше ранг.
Во машкото финале вечрева играат Рафаел Надал и Кевин Андерсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.