| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија поразена во Норвешка

Во пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Норвешка и Македонија одигран во Осло, домашната репрезентација победи со 2-0 со головите на Скјелбред во 9 минута и Братен во 79 минута.

И во вториот натравар на Скандинавскиот полуостров Македонските фудбалери не успеаа да ја затресат противничката мрежа заокружувајќи ја серијата од четири мечеви без гол.

Комбинираниот состав на селекторот Чедомир Јаневски само на почетокот на првото и второто полувреме успеа да воспостави теренска рамнотежа и на моменти подобра игра од Норвешка.

Во првото полувреме ги издвојуваме шансите на Шумуликовски и Тричковски во третата и седмата минута.

Скјелбред голот во деветтата минута го постигна по грешка на нашата одбрана.

Нашата најдобра шанса не ја искористи Хасани кој во 53 минута го погоди само левиот дирек од голот на Хансен.

За одбележување е исклучувањето на Боби Грнчаров кој се впушти во вербален дуел со судијата од Израел Лиран Лиани во 61 минута и оправдано беше исклучен од натпреварот.

До крајот на мечот најдобриот играч на теренот Даниел Братен кој игра за францускиот тим Тулуз од косо постигна ефектен гол за конечни Норвешка-Македонија 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top