| четврток, 6 декември 2018 |

Петре ќе го реши загадувањето: Ветува дрвја, а гласа против Законот за зеленило

На Шилегов не му требаше многу за да почне да лаже и да дава празни ветувања. Кандидатот на СДСМ за скопски татко, кој ќе му се спротивстави на актуелниот Коце Трајановски, на граѓаните им вети зеленило, а самиот тој гласаше против Законот за зеленило.

Потпретседателот на СДСМ, арогантниот Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје, на прославата на 8 Септември од Три Круши на граѓаните на Скопје им порача дека не заслужувале арогантни градоначалници кои не мислеле на нивните потреби.
Шилегов вети дека рече дека ќе го направел Скопје онака како што доликувало, немало повеќе да има градежна дозвола ако не се засаделе пет дрвја за секој стан.

Истиот оној Шилегов, кој сега ветува повеќе дрвја и почист воздух, во април 2016 година гласаше ПРОТИВ Предлог-законот за зеленило, кој имаше за цел унапредување на просторот со зеленило, преку планско и одржливо подигање и одржување на зеленилото, заради зачувување на квалитетот и разновидноста на зеленилото, подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.

Оној кој сега обвинува за „уништување дрворедите, парковите и сите зелени површини во градот“ и кој ветува дека системски ќе го решел проблемот со загадувањето, ќе предложел еколошки решенија и ќе го зголемел процентот на зелени површини во градот, всушност гласал против сето ова кога имал можност да помогне тоа да се оствари.
Она што го ветува Шилегов сега е спротивно на неговите постапки во минатото, односно како тој гласал кога имало можност овие негови ветувања да станат реалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top