Турската полиција со водени топови и со солзавец ги растерува демонтрантите од плоштадот Таксим.
Според снимките прикажани на меѓународните телевизиски канали за вести на неколку места горат огнови во кои демонстрантите дофрлаат насобрани даски и дрвја, чад од солзавец и додека водени млазови ги прскаат насобраните.
На плоштадот според американскиот Си Ен Ен има околу десетина илјади демонстранти, а со надоаѓањето на ноќта се очекува нивниот број да се зголеми.
Премиерот Ердоган најави дека повеќе нема да го толерира протестот.
Судирите со полицијата траат цел ден. На почетокот силите на редот го преземаа плоштадот потиснувајќи ги демонстрантите во Гези паркот, но еколошкото движење „Солидарност за Таксим“ повика голем собир за 19 часот, заради интеренција на полицијата но и дека ниедно од барањата на демонстрантите не е исполнето.
Тие бараат прекин на полициското насилство, ослободување на приведените и откажување од проектот за Гези парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.