| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: Заев безочно лажеше во говорот на 7 септември

Не ми се верува дека фалсификува историски факти и зборува како Македонците рамо до рамо гласале со Албанците за независна Македонија, револтирано реагира професорката Билјана Ванковска на говорот на премиерот Зоран Заев на вчерашната прослава на денешниот празник.

„Дури сега го слушнав говорот на премиерот од синоќешната прослава. Настрана партиските ноти, но не ми се верува дека фалсификува историски факти и зборува како Македонците рамо до рамо гласале со Албанците за независна Македонија!!! Дури и да е пригодно, да е политички коректно и згодно за нивната владина коалиција, тоа е лага! Факт е дека релативно ниската излезност на референдумот се должеше на организираниот бојкот на Албанците, кои ги послушаа своите тогашни лидери, и чекаа „интегрално решение на Албанското прашање“, и не се определија за Македонија, чија иднина висеше на конец. Треба да не’ радува што оттогаш Албанците во голем број сфатија дека интегрални решенија нема и дека нивната татковина е Република Македонија. Треба да се грижиме за младите генерации кои мораат да живеат заедно, но таа иднина ќе биде кревка ако се темели на фризирана историја“, пишува Вановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top