| четврток, 6 декември 2018 |

Природен тобоган вистинска атракција во Рио (Видео)

Карпа која се наоѓа во близина на Рио Де Женеиро стана вистинска туристичка атракција, бидејќи крие тајна пештера во која се влегува преку дупка во која ве внесува водата.

Карпата преку која паѓа водопадот на прв поглед изгледа сосема обично, но кога ќе поминете преку оваа дупка, откривате сосема нов свет. Забавниот влез потсетува на спуштање од воден тобоган, а оваа карпа е лоцирана во тропска шума.

Илјадници посетители објавија фотографии и видеа од оваа локација која набргу стана вистинска туристичка атракција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top