Војвотката Кејт Мидлтон неодамна објави дека е бремена по третпат. Но, сега поради бременоста нејзиното здравје е загорезено. Уште во почетокот на неделата, кога беше објавено дека таа ќе стане мајка повторно, беше соопштено дека нема да се појавува не некои договорени настани поради трудничката хипермеза, чиишто симптоми се силно и често повраќање, кое доведува до дехидрација и кетоза и губење на телесната тежина.
Кејт имаше трудничка хипермеза и во првите две бремености.
Поради ова таа не можеше да го испрати четиригодишниот принц Џорџ на првиот училиштен ден. Џорџ замина на училиште во придружба на таткото Вилијам, а Кејт морала да остане дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.