Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на УС Опен со една фуриозна партија против Андреј Рублев, совладувајќи го Русинот за 99 минути игра – 6:1, 6:2, 6:2.
Најдобриот тенисер на светот доминираше од првиот до последниот поен и по трет пат во кариерата обезбеди полуфинале на терените на Флешинг Медоуз.
Шпанецот е чекор поблиску до својот трет триумф на овој Грен слем, односно 16. Грен слем трофеј, ќе се бори со подобриот од дуелот Роџер Федерер-Хуан Мартин дел Потро.
Во второто полуфинале ќе играат дебитанти помеѓу најдобрите четири играчи, Јужноафриканецот Кевин Андерсон и Пабло Касењо-Буста од Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.