| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе гради најголем аеродром во светот

Турција планира во Истанбул да изгради најголем аеродом во светот со капацитет од 150 милиони патници вреден 7 милијарди евра.

Рокот за доставување понуди на тендерот е до 3 мај, а изградбата е планирано да се одвива во четири фази. Првата фаза треба да заврши во 2017 година, со што ќе може да опслужат 90 милиони патници.

Новиот аеродром ќе биде трет во Истанбул со шест писти и значително ќе го зголеми капацитетот на сообраќај во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top