| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Ирска подготвена за Г8

местото 1Северна Ирска е подготвена за самитот на Г8. Полицијата, судовите и затворите се подготвени за евентуални протести и немири за време на самитот. Подготвен е и специјален притвор во поранешна касарна каде што ќе дежураат 16 судии и преведувачи.

Според полициските соопштенија, во касарната има 6 ќелии за по 16 лица, а, како што велат, подготвени се да се справат со по 260 апсења дневно.

G8 SUMMIT 2012Домаќин на самитот годинава е Велика Британија, а премиерот Камерон одлучи да се одржува во Северна Ирска, во еден ексклузивен хотел.

На самитот на 17 и на 18 јуни ќе допатуваат лидерите на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и на Русија. Самитот е и повод за анархисти и ултралевичари да се соберат на местото на одржување каде што протестираат и предизвикуваат немири.

protestiПоследен пат Велика Британија беше домаќин 2005 година кога во терористички самоубиствени бомбашки напади во лондонското метро и во градски автобус беа убиени 52 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top