Северна Ирска е подготвена за самитот на Г8. Полицијата, судовите и затворите се подготвени за евентуални протести и немири за време на самитот. Подготвен е и специјален притвор во поранешна касарна каде што ќе дежураат 16 судии и преведувачи.
Според полициските соопштенија, во касарната има 6 ќелии за по 16 лица, а, како што велат, подготвени се да се справат со по 260 апсења дневно.
Домаќин на самитот годинава е Велика Британија, а премиерот Камерон одлучи да се одржува во Северна Ирска, во еден ексклузивен хотел.
На самитот на 17 и на 18 јуни ќе допатуваат лидерите на САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и на Русија. Самитот е и повод за анархисти и ултралевичари да се соберат на местото на одржување каде што протестираат и предизвикуваат немири.
Последен пат Велика Британија беше домаќин 2005 година кога во терористички самоубиствени бомбашки напади во лондонското метро и во градски автобус беа убиени 52 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби
-
Почнува самитот Брдо-Бриони, Туск, седум претседатели и еден премиер во Скопје