Во Скопје денеска, по кратко боледување, почина еден од најголемите спортски работници во Македонија, во гимнастичкиот спорт, Јован Раичковиќ.
Раичковиќ повеќе од 50 години беше еден од највлијателните личности во гимнастичкиот спорт во Македонија и на Балканот. Беше селектор на женската гимнастичка репрезентација на поранешна СФРЈ, а потоа и долгогодишен селектор на македонската гимнастичка селекција.
Комеморацијата за Јован Раичковиќ ќе се одржи утре од 10 часот во салата на Партизан 3 – „Орце Николов“ во Градскиот парк, а погребот е од 11 до 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.