| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ на нозе, Македонија се крева! Победничка атмосфера по штабовите низ државата! (галерија)

Партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ  одржуваат состаноци низ цела земја. Штабовите се преполни со членови и владее победничка атмосфера. Општинските комитети се среќаваат со тимовите на партијата кои го посетуваат секој штаб на ВМРО-ДПМНЕ. На состаноците се дискутира за претстојните локални избори и колку всушност истите се значајни за Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција во пресрет на претстојните локални избори. Секојдневно пристапуваат нови членови, а може да се забележи и висока мотивација и работа на терен, велат оттаму.

Од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека посетите ќе продолжат и во наредниот период во сите Општински комитети, а од досегашните извршени посети информираат дека истите се со масовно присуство и голема поддршка од членките на Унијата на жени.

Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Бутел на состанокот покажа голема подготвеност за сите активности кои ќе треба да ги преземе во однос на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, а се со цел победа уште во првиот круг.

Инаку, анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори.

37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top