| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Кафански пејачки изеле ќотек од газдата

Две пејачки и љубовник на едната од нив биле нападнати од сопственик на угостителски објект покрај стариот пат Тетово-Скопје, како и од вработен во локалот, откако од газдата побарале да бидат исплатени за ангажманот.

Инцидентот се случил утринава околу 4 часот, по што 45-годишната Б.З. од Скопје, заедно со нејзиниот невенчан сопруг Е.А.(38) од Урошевац и пријателката Х.С. (52), исто така, од Скопје случајот го пријавиле во полицијата.

-Откако Б.З. и Х.С. завршиле со пеење во објектот, Б.З. побарала од сопственикот да им исплати за нивниот ангажман, но наместо тоа тој ја фатил и почнал да ја влече за коса. Се вмешала Х.С. со намера да ги раздели, а потоа и Е.А. Тогаш, сопственикот на објектот и вработениот се нафрлиле на Е.А. и почнале да го удираат со тупаници и клоци, од што паднал на подот. Лицата биле разделени од двајца гости кои биле во локалот, информираат од СВР Тетово.

Полицијата работи на целосно расчистување на сите поединости и на пронаоѓање на двајцата пријавени за учество во насилството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top