Трте момчиња од црното „бентли“ кое во саботата се обиде да го пресече конвојот на претседателот на Србија Александар Вучиќ имаат криминално досие и се регистрирани како наркодилери, а возилото е сопственост на поранешнот фудбалер Ивица Драгутиновиќ, пишуваат белградските медиуми.
Повикувајќи се на извори од полицијата, „Блиц“ наведува дека Драгутиновиќ не бил во автомобилот кога се случил инцидентот, а дека се уапсени возачот Лука Р., Милош Т. и Стеван Д. Тројцата уапсени, наведува весникот, работеле како обезбедување на белградски клуб, а за возачот Лука Р. постои сомнеж дека е близок со црногорскиот Шкаљарски клан, кој се занимава со наркотици.
„Блиц“ пишува дека во полиција изјавиле дека утрото тргнале по налог на Драгутиновиќ да наточат гориво на бензинска пумпа.
„Претседателот Вучиќ се движел од вилата „Бокељка“ кон Претседателството кога на кружниот тек Топчидерска звезда обезбедувањето забележало дека зад колоната на Вучиќ дивее автомобил кој се обидува упорно да ја пресече колоната и да влезе во неа“, пишува „Блиц“. Додека обезбедувањето ги легитимирало тројцата, се појавил и Драгутиновиќ, кој бил вооружен, но имал и дозвола за носење оружје.
Неофицијално, Драгутиновиќ е близок пријател на Дарко Шариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста