Актерката и режисерка Анџелина Џоли која моментно го промовира својот нов филм „Прво го убија мојот татко“ повторно проговори за семејниот живот и за бракот.
– Не уживам затоа што сум сама. Тоа не го сакав. Нема ништо убаво во самотијата и тешко е. Само се обидувам да ги пребродам овие денови. Емотивно, тоа за мене беше тешка година и имав здравствени проблеми – изјави Џоли.
Кога станува збор за децата, таа истакнува дека тие се одлични.
– Многу ми беше важно да видам како си помагаат едни на други и како мене ми помагаат. Знам дека ќе се имаат едни со други за цел живот и тоа ми дава неверојатен мир – додава актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.