| четврток, 6 декември 2018 |

Омилената жена на Ким Јонг Ун гордо го соопштува тестирањето на бомбата (Видео)

Ри Чун Хе е најпознатата жена во Северна Кореја. Таа е омилената водителка на лидерот Ким Џонг Ун и тој лично бара таа да ги соопштува најважните вести во земјата, како што беше тестирањето на хидрогенската бомба.

Таа денеска со гордост и насмевка ја прочита информацијата за тестирањето на наводно моќната бомба. За неа не се знае многу, освен дека има 70-тина години и веќе 40 години работи за Државната телевизија на Северна Кореја. Нејзин заштитен знак е традиционалната облека и тоа што, зависно од вестите што ги соопштува, драматично се смее, плаче или вика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top