Фудбалската репрезентација на Хрватска важеше за супер-фаворит на дуелот против Косово, но едвај стигна до триумф од 1-0, во мечот што продолжи денеска на „Максимир“, откако синоќа беше прекинат во 21.минута, поради силен дожд.
Дефанзивецот Домагој Вида беше стрелец на победничкиот гол во 74.минута, откако со удар со глава ја смести топката во противничката мрежа, по изведениот слободен удар на Лука Модриќ.
Со овој триумф, „коцкестите“ го задржаа првото место во групата И со 16 освоени бода, два повеќе од Украина и три бода позитива пред Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


