Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, која денес сакаше пред клиниката да одржи прес-конференција за медиумите беше буквално избркана од новата заменичка директорка Валентина Андова на клиниката за Кардиологија поставена токму од новата Влада на Зоран Заев.
-Вие сакате да ги премолчите работите, вие не сте виновни, виновни се вашите претпоставени, министерот и Зоран Заев, рече Андоновска.
По ова заменик директорката Андова, која според непотврдени информации е снаа на Стојан Андов, побара да се исклучат камерите и таа да си замине од клиниката за да соопшти дека минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ 11 години не им обезбедило обезбедување на клиниката, а со тоа и таа избегна да одговори на прашањето во врска со претепаниот пациент на нивната клиника.
-Тоа не е демократија, тоа што вие не попречувате да кажеме дека на вашата клиника се претепуваат пациенти, а вие не реагирате на тоа, а реагирате тука да дојдете да не попречите да ја кажеме вистината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


