| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го победи Израел во квалификациите за СП 2018 (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел во натпревар од квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Русија.

На средбата одиграна вечерва во Хаифа, а во рамките од 7.коло на Г групата, Македонија го победи Израел со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол за црвено-жолтите беше капитенот Горан пандев во 73.минута по одличната асистенција на младиот Елиф Елмас.

За нашата репрезентација ова беше втората победа во квалификациите, а веќе во вторник ја очекува нов дуел и тоа во Струмица каде ќе гостува Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top