| четврток, 6 декември 2018 |

Николче Новески се збогува со Мајнц пред повеќе од 13 илјади гледачи

Пред повеќе од 13.000 гледачи на „Опел арената“ во Мајнц, капитенот на германскиот тим Николче Новески се прости од своите навивачи пред кои играше 11 години.
 Во неговата чест беше организиран ревијален натрпевар помеѓу Тимот на Мајнц и тимот на Николче Ноевски, на тренерските позиции беа Јирген Клоп и Томас Тухел кои му беа тренери и на македонскиот фудбалер.
Триумфираше тимот на Мајнц предводен од Јирген Клоп со 9-6, а Новески беше стрелец на два гола.
На крајот Македонецот со многу емоции се збогува од навивачите од кои беше бурно поздравен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top