Граѓанин вработен во администрацијата или приватниот сектор платата од 25.000 денари месечно ќе треба макотрпно да си ја одработи. Тоа е така, доколку не сте му кум на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Доколку сте му кум, тогаш ќе ја ангажира вашата фирма или адвокатска канцеларија и за само неколку часа ангажман ќе ви исплаќа по 25.000 денари, пари на граѓаните, вели Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова е фактура, како што стои сериски број 053-11 од 2017, со која што кумот на Рашковски треба да си наплати од државата 25.000 денари. Само присуството на некој од неговата адвокатска канцеларија на конститутивната седница на управниот одбор на Јасен чини над 10 500 денари. Чиста кражба на народни пари, бидејќи воопшто и не постои потреба од присуство на адвокатската канцеларија таму. Уште колку вакви фактури му има исплатено Рашковски на својот кум? Ова е скандал од огромни размери. Доколку и не се ангажира повеќе часови, доволно е секој ден адвокатот Костиќ да поработи по малку и месечно од кумот би добил над 600 000 денари или 10 000 евра. Затоа ли Рашковски крие во која постапка е ангажиран неговиот кум, кој го бирал и колку пари треба да му плати за ангажманот?, прашува Костовски.
Тој вели дека правда значи законите да важат подеднакво за сите граѓани во државата. Рашковски и СДС очигледно правдата не ја разбираат така па прават се за да ја изиграат. Државата стана лична сопственост на Зоран Заев, а кршењето на законите редовна пракса на новата влада.
– СДС ги уништува институциите со спроведување целосна партизација. Неспособните партиски кадри кои се поставуваат на местата на професионалци немаат капацитет да работат за доброто на граѓаните. Граѓаните гледаат секојдневно како државата се задолжува милионски суми, а нивните пари се трошат за создавање на систем кој ќе работи единствено за интересите на СДС. Рашковски и Заев треба да знаат дека одговорноста и правната држава во Македонија ќе се вратат набргу, кога СДС ќе падне од власт. За секое незаконско дело или постапка тие што се огрешиле од законот ќе сносат целосна одговорност. Сите оние кои сега им помагаат и се извршители или соизвршители треба да знае дека за секоје незаконско дело ќе одговараат и никој од СДС нема да ги зашити. Правдата ќе дојде за сите во Македонија, набрзо по локалните избори на 15 октомври, нагласува Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)