| четврток, 6 декември 2018 |

Што му се случува на телото кога седите предолго?

Издвојувањето време за одмор и седење е важно, но премногу од ова има негативни ефекти. Целодневното седење може негативно да влијае на телото на повеќе начини, меѓу кои и следниве.

Проблеми со држењето

Седењето долги периоди може да предизвика болка во рамениците, вратот и грбот. Тоа може да предизвика и лошо држење. Колку повеќе време седите, толку поголеми се шансите дека ќе имате лошо држење. Најчесто, додека се на компјутер, луѓето ги навалуваат вратот и рамениците, со што си предизвикуваат болка.

Неактивноста и зголеменото седење може да предизвика проблеми со циркулацијата, отоци, слаби коски, па дури и остеопороза. Бидете активни и одржете ја циркулацијата на крвта. За време на паузите станете и движете се.

Слаби мускули

Генерално, колку сте поактивни, толку посилни може да станете. Активниот живот ја задржува флексибилноста. Одморот по вежбањето може да биде добар, но не заборавајте да ги истегнете мускулите. Со долгото седење страдаат мускулите на нозете, но и во стомакот, колковите итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top