Пред речиси три века Томас Џеферсон, еден од основачите на САД, работел стоејќи над својата работна маса, а неговата навика станува сѐ попопуларна бидејќи седењето сериозно му наштетува на здравјето, предупредуваат експертите во студијата објавена во списанието The Archives of Internal Medecine.
-Доколку останувате да седите си го копате гробот, тврди Рон Данофф, лекар и член на Американското здружение на остеопати (АОА).
Болките во грбот, бодежите во мускулите, кардиоваскуларните болести, дијабетесот, ракот на дебелото црево и прераната смрт се некои од ризиците на коишто се изложува работник кој седи, покажале низа нови приучувања.
-Ние сме општество без енергија, повеќето време во канцеларијата го минуваме седејќи, а кога доаѓаме дома се спростираме во каучот гледајќи телевизија. Таа комбинација може да биде смртоносна”, тврди Данофф.
Според американскиот Институт за здравство, просечен возрасен Американец минува во седење 7,7 часови на ден, а 70 отсто од вработените во канцеларијата минуваат повеќе од пет часови дневно седејќи над работната маса.
Колку што повеќе се седи, толку циркулацијата на крвта полоша о носи многу опасности за здравјето на луѓето. Тренирањето во клуб по работата, сепак, не е доволно истакнуваат стручњаците.
Според спомнатата студија, опасноста од прерана смрт просечно з а15 отсто е поголема кај лицата кои седат по осум часови на ден, а за 40 отсто кај лицата кои седат и подолго, на пример 11 часа на ден, во однос на оние кои седат помалку од четири часа.
Американското лекарско здружение (АМА) во 2013 година им препорача на „работодавачите и вработените да пронајдат алтернатива за седечката позиција, на пример компјутери поставени високо така што вработените можат да стојат или да седат на топки”. Пораката имала успех и има сѐ повеќе повици за „станување” па во САД се воведуваат „стоечки дескови” или „стоечки канцеларии”.
Џеф Мелцер од компанијата „Lincolnwood”, специјализирана за уредување работни простории, истакнува дека минатата година продажбата на таквите „стоечки канцеларии” пораснала за 50 отсто. Нив ги користат големи компании, како што се Google, Facebook и други. Таквите „стоечки канцеларии” бироа им се продаваат често на адвокати, универзитетски професори или на здравствените експерти. Понекогаш тие се опремени со подвижни ленти на кои вработениот полека чекори додека работи.
-Луѓето денес сакаат повеќе здрав работен простор. Таму минуваат повеќе време отколку со своите семејства. Потребно е да се остане на нозе, да се оди, а кога ќе почувствувате замор, седнете, земете пауза. На купувачите им препорачуваме да седнат, значи и да одморат”, вели Кетлин Хејл, сопственика на компанијата за опремување канцелариски простор „Rebel Desks”.
Меѓутоа, остеопатот Рон Данофф предупредува дека човекот „не е создаден за цел ден да седи, но не е ниту создаден за цел ден да стои”, бидејќи тоа предизвикува проблеми, па советува дека „не треба да се оди од една крајност во друга”. Препорачува да се станува на секои половина час, да се оди низ ходникот да се користат скалилата наместо лифтовите, да се дојде до колегата за лично да се пренесе пораката наместо да се комуницира преку компјутер, за кои смета дека се добри решение и дека не бараат купување на софистицирана опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.