Поради немање на соодветни услови и капацитети, градинките во Карпош овој септември нема да бидат во можност да работат во две смени, информираат од Општината.
– Не ни е јасно како замислувате да работи втора смена до 21:30 часот, затоа што секој што работи во смени, работното време му завршува или во 22:00 или во 23:00 часот, што значи дека објектите заедно со персоналот мора да функционираат до полноќ. Во моментов сите наши објекти имаат недостиг од негувателки, воспитувачи и помошен персонал. Да се одвои дел од персоналот и да се прераспредели во втора смена и секоја прва сабота во месецот, ќе биде на штета на децата што се веќе згрижени – пишува во дописот до Министерство за труд и социјална политика, на кој е потпишан градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
За да функционира вашата замисла, потребен ни е дополнителен персонал, како и дополнителни средства за продолжено греење и електрична енергија. Од овие причини по разговор со раководствата на Јавните установи општински детски градинки, со вкупно десет објекти, со жалење можеме да ве информираме дека не сме во можност од 1 септември да отпочнеме со работа во две смени, пишува во писмото.
Од Општината посочуваат дека одговорноста за нефункционирањето на оваа идеја е на Министерство за труд и социјална политика.
Одлуката сте ја донеле на 10.7.2017 година, а е примена во Опшина Карпош на ден 29.8.2017 година, што значи дека сте имале доволно време да обезбедите согласност за нови вработувања и нови средства за дополнителни трошоци, пишува во писмото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори