Репрезентативецот на Словенија и еден од најдобрите фудбалери на Баер Леверкузен, Кевин Кампл од денес и официјално е нов член на Лајпциг. Веќе неколку денови се шпекулираше дека Кампл кариерата ќе ја породолжи во Лајпциг, а денес стигна и официјална потврда на трансферот.
Германските медиуми пренесуваат дека тимот на Ред Бул на „фармацевтите“ ќе им плати 20 милиони евра за потписот на Словенецот.
Кампл во минатото играше за еден друг тим на Ред Бул – Салзбург, а потоа преку Борусија Дортмунд пристигна во Леверкузен. Ова сигурно ќе биде големо засилување за Лајпциг со оглед на фактот што тимот оваа сезона настапува и во Лигата на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.