Искусниот португалски репрезентативец, Луис Нани утрово слета во Рим каде ќе му се приклучи на тимот на Лацио. Тој една сезона ќе настапува како позајмен играч во тимот од Рим, а доколку управата на клубот сака да го откупи неговиот договор следното лето, ќе треба да плати 8 милиони евра.
Нани минатата сезона ја мина во Валенсија каде во 22 настапи постигна 5 гола. Тој во Лацио пристигува како замена за Кеита Балде кој вчера беше официјално претставен како нов играч на Монако, а Лацио од овој трансфер инкасираше 30 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.