Саша Поповиќ планира да се повлече од директорскатапозиција во фирмата, да го продаде својот дел и со семејството да се пресели во Опатија, каде што наводно веќе купил куќа.
-Вистина е дека Саша сака да се повлече од јавната сцена, на која е присутен повеќе од 40 години, и тоа ќе се случи нмногу наскоро. Во почетокот на декември следната година Брена и Саша просавуваат 20-годишнина од основањето на „Гранд“, вели упатен извор за „Ало“.
Освен во „Гранд“ Поповиќ работи и други проекти, исто толку стрсни и одговорни, што му одзема ногу време, вели изворот, и додава дека токму сопругата на Саша била воодушевена од одлуката.
Засега Брене не само што не планира да го остави бизнисот, туку и планира да го прошири. За наследници на Саша се во игра двајца – Жика Јакшиќ, продуцент во Гранд и идеен творец на „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“, и Филип Живоиновиќ, кој веќе покажува интерес да се вклучи во семејниот бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.