| четврток, 6 декември 2018 |

Протест во Загреб поради промена на името на Плоштадот Маршал Тито

Во пресрет на одржувањето на седницата на Собранието на Град Загреб, на која ќе се гласа за промена на името на Плоштадот Маршал Тито, иницијативата “Антифашизмот е мојот избор”организираше протест на Плоштадот на жртвите од фашизмот, каде што, меѓу другите беше и поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ.

„Тука сум денес за да се спротивставам на трговскиот договор на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, со екстремната десница. Тука сум бидејќи ние граѓаните треба да го запреме релативизирањето на фашистичките злосторства. Нашиот антифашизам е прашање на слобода и еднаквост. Јас сум тука, бидејќи не сакам да живеам во земја каде што Владата и премиерот со месеци толерираат фашистички симболи, и тоа на местото за најголемо почитување, во Јасеновац“, порача Сандра Бенчиќ од Центарот за мировни студии.

– Пораснав во времето на Тито, бев пионер и на тоа се сеќавам со голема радост. Во режимот на Тито, образованието беше потполно бесплатно. Денес, родителите за своите деца мора да платат се.Во истиот тој “страшен тоталитарен режим” имавме бесплатна здравствена заштита, а жените имаат иста плата како и мажите.Денес, ние веќе немаме ништо, освен враќање во средниот век – порача писателката Мирјана Кризманиќ од собирот.

 

извор: макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top